Home Актуелно Сончев и топол четврток

Сончев и топол четврток

Денес, четврток, 9 јули, времето ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9, информира УХМР.

Во Скопје сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До петок времето ќе биде стабилно, а за време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд.

Од недела ќе почне да дува засилен северен ветер, што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…