Актуелно

Сончев есенски вторник

Денес, вторник, 20. октомври, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени. Маврово12, Охрид и Крива Паланка 16, Битола 17, Берово 15, Кавадарци 20, Дојран 22.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена локална облачност и со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.Си

To Top