Home Актуелно Сончев четврток со високи температури

Сончев четврток со високи температури

Денешниот јулски четврток во Maкедонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје и околинта ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе остигне до 32 степена.

Во наредните денови следува период на стабилно време. До сабота дневните температури ќе бидат најмногу до 35 степени, а потоа брзо ќе се покачуваат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…