Сомнителен куфер беше причина за два воза во Барселона да бидат евакуирани


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес на главната железничка станица во Барселона се евакуирани два воза, откако бил пронајден сомнителен куфер и се проверува дали во него има експлозив.

Портпаролката на регионалната полиција изјавила дека единицата специјализирана за експлозив утрово била активирана за да ја провери пругата на брзиот воз во централната станица „Сантс“ во Барселона.

Полицијата соопштила дека обезбедувањето на станицата утрово идантификувала предмет кој личи на можна експлозивна направа во куфер.

Како што се наведува, полицијата го следи безбедносниот протокол. Во тек е истрага.