Солзи и болка во Лестер: Играчите дојдоа да се простат од претседателот! (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Лестер денес во солзи пристигнаа пред стадионот да им оддаваа почит на првиот човек на клубот, Вичај Шриваданапраба и остатите жртви кои го загубија животот во несреќата.

Сопственикот на Лестер Вичај Шриваданапраба го загуби животот по падот на хеликоптерот во близина на стадионот „Кинг Пауер“.

Денес и семејството на Вичај пристигна на местото на настанот, како и целиот тим и стручниот штаб на Лестер.

Каспер Шмајхел и Џејми Варди не можеа да ги задржат солзите. Шриваданапраба беше омилен меѓу играчите, благодарение на него овој тим пред две години ја освои историската титула.