Солскјер во живо го гледаше првиот пораз на ПСЖ (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гинер Солскјер влезе во вистинска трка со времето и успеа во живо да го гледа натпреварот помеѓу Лион и ПСЖ.

Солскјер само 20 минути по завршувањето на мечот против Лестер се качи на приватен лет и одлета за Лион заедно со својот асистент Мајк Фелан.

Се разбира, причината за тоа е фактот што следната недела Манчестер Јунајтед ќе ги одмери силите со ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампиони на „Олд Трафорд“.

Солскјер и Фелан не им донесоа среќа на „парижаните“ кои синоќа го доживеаа првиот пораз сезонава.