„Она кога Адам Левин од Maroon 5 ти оди со перниците“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Неуморните погледи на посветените „ловци на грешки“ на интернет на синоќешниот Супербол добија нова „жртва“ и мета за ремет со настапот на групата Maroon 5.

Настапот на Maroon 5 на Супербол воопшто не ги воодушеви Американците, но затоа маицата која ја носеше нивниот „фронтмен“ Адам Левин стана вистински хит на социјалните мрежи.

Пред да ја соблече и да почне по малку бизарно да меша со колковите, Левин носеше кафеава маица со апликации според кои, интернет „тролачите“, заклучија дека пејачот „одлично им оди“ на нивните перници, завеси, прекривки и други додатоци од домашниот ентериер.

Американците го преплавија интернетот со фотки од перници и завеси кои имаат подеднакво иста или многу слична декоративни апликации како маицата од Левин.

„Она кога Адам Левин ти оди со перниците“, „Најдобар дел од настапот беше тоа што маицата од Левин изгледа како перниците кои многу луѓе ги имаат од Target“ беа само дел од зајадливите коментари на социјалните мрежи.

А не изостанаа и коментарите од разочараните обожаватели на Maroon 5. „Овој јадник пее како да спие“, „Ова воопшто не звучи како Maroon 5“, „Вие мора да се заебавате со ова срање на полувреме“, „Maroon 5 звучат грозно“ беа само дел од нив.