Home Спорт Сојузот на Саудиска Арабија се извини што играчите не го испочитуваа едниоминутниот молк

Сојузот на Саудиска Арабија се извини што играчите не го испочитуваа едниоминутниот молк

Официјалните лица на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија јавно се извинија откако нивниот државен тим не го испочитува едноминутниот молк во чест на жртвите на терористичкиот напад на лондонскиот мост.

Репрезентативците на Австралија се наредија и се прегрнаа на центарот од теренот и им оддадоа едноминутен молк на жртвите, но нивните противници во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Русија, фудбалерите на Саудиска Арабија, не го направија тоа, туку си се распоредија по теренот.

Еден австралиски министер овој чин го нарече срамен, а официјалните лица однапред биле известени дека едноминутниот молк не е дел од традицијата во саудиската култура.

Сепак, Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија денес упати јавно извинување.

„Играчите немаа намера да покажат непочитување на споменот на жртвите или да ги вознемират нивните семејства, пријатели или било кој друг. Нашиот сојуз го осудува секој чин на тероризам и екстремизам и упатуваме сочувство до семејствата од сите жртви, владата и народот во Велика Британија“, стои во соопштението.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…