Home Актуелно Со законски измени собранието му ја укина пратеничката плата на Никола Груевски

Со законски измени собранието му ја укина пратеничката плата на Никола Груевски

Собранието на денешната собраниска расправа гласаше и со 52 гласа „за“ и два воздржани ги изгласа измените на законот за пратеници со кои на поранешниот премиер во бегство Никола Груевски ќе му се укине пратеничката плата.

Со усвоеното законско решение се предвидува ако пратеник е осуден на казна затвор подолга од 6 месеци да го изгуби правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница посочија дека измената е неуставна.

Груевски, со новото законско решение нема дадобива повеќе пратеничка плата, затоа што е правосилно осуден на две години казна затвор поради незаконската набавка на луксузниот автомобил „Мерцедес “ во предметот на СЈО „Тенк“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…