Филм / ТВ

Со вртоглава заработка Beauty and the Beast го покори американскиот „бокс офис“

Анимираниот филм Beauty and the Beast го зазеде првото место на американскиот бокс офис за минатиот викенд благодарение на заработката од 170 милиони долари во само два дена.

Филмот направи голем успех за време на првиот викенд на прикажување во американските и канадските кино сали. Го надмина Logan на Хју Џекман кога станува збор за најдобро деби. Џекмановиот филм заработи 85,3 милиони долари.

Beauty and the Beast сега е на седмо место на листата на најдобри дебитантски прикажувања на сите времиња. Толку ги заинтересира гледачите што ја надмина викенд заработката на сите останати филмови од топ 10 листата заедно.

Второто место му припадна на филмот Kong: Skull Island, кој заработи 28,9 милиони долари, а трет е Logan со заработка од 17,5 милиони долари.

Десетте најгледани филмови за изминатиот викенд во САД и Канада (со заработка во милиони) погледнете ги подолу.

1. Beauty and the Beast 170
2. Kong: Skull Island 28,9
3. Logan 17,5
4. Get Out 13,2
5. The Shack 6,1
6. The Lego Batman Movie 4,7
7. The Belko Experiment 4,1
8. Hidden Figures 1,5
9. John Wick, Chapter Two 1,2
10. Begora I Fall 1

To Top