Home Актуелно Со средно да станеш царинска инспекторка за економски криминал – тоа го има само во Македонија

Со средно да станеш царинска инспекторка за економски криминал – тоа го има само во Македонија

Миликије Халими, бившата градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ од 1 октомври ќе работи во Царинската управа како инспектор за истраги за борба против економски криминал.

Конкурсот беше распишан со средно или вишо образование, а Миликије има завршено средно медицинско училиште. На нејзиниот фејсбук профил пишува дека студирала Педагошки факултет.

Нејзиното работно место се однесува на спроведување мерки и активности за откривање и криминалистичко истражување на кривични дела, фаќање и пријавување на нивните сторители и обезбедување на докази како дел од правосудната полиција.

Огласот бил распишан на 5 септември и траел само три работни дена. За ова работно место предвидена е плата од 29.823 денари месечно.

 

Миликије Халими беше градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ. За време на нејзиниот мандат истражувањето на Центарот за граѓански истражувања покажа дека Општина Арачиново е единствената општина што воопшто не наплаќа данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година. Образложението од Општина Арачиново е тогаш беше дека немаат база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение.

Нејзиниот сопруг Агрон Халими се занимава со извоз на калинки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…