Home Актуелно Со гаранција: Укинат притворот на пратеникот Сашо Василевски

Со гаранција: Укинат притворот на пратеникот Сашо Василевски

На пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, обвинет во настаните од „27 април“ судот му ја укина мерката куќен притвор и тој ќе се брани од слобода со гаранција од околу 400.000 евра, дознава Телевизија 24.

Неофицијално, одлуката е донесена денеска, а Обвинителството нема да поднесе жалба на оваа одлука и нема да бара продолжување на мерката куќен притвор.

Адвокатот на пратеникот Василевски, Александар Новаковски вели дека решението за ослободување од Кривичниот совет сеуште не го добиле, но дека претходно поднеле жалба и барале ослободување со гаранцијата.

Василевски, кој моментно е на судење во Кривичен суд, не сакаше да коментира ништо поврзано со неговата мерка, ниту, пак, со случувањата во Собрание денеска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…