Home Актуелно Снегот изнуди забрана за тешки товарни возила на потегот Маврово-Дебар

Снегот изнуди забрана за тешки товарни возила на потегот Маврово-Дебар

Интензивните и обилни врнежи на снег патниот правец Маврово – Дебар беа причина за утрово во 7:30 да биде воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

На останатите патишта во државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот. Слаб снег провејува на планинскиот превој Буково.

Намалена видливост поради магла од 100 до 150 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Битола – Демир Хисар, Битола – граничен премин Меџитлија, до 50 метри на патните правци Куманово – Свети Николе и Велес – Градско и од 20 до 30 метри на патниот правец Берово – Виница.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…