Две години затвор за наставничката обвинета за секс со малолетен ученик


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


37-годишната Ребека Спероу, поранешна советничка во средно училиште во Охајо, САД, пред судот изрази жалење и се извини за своето однесување и за постапките.

Неодамна разведената мајка на две малолетни деца е осудена на две години затвор , откако признала вина дека имала секс со ученик. Судијаката Ејми Коригал Џоунс нејзиниот чин го нарекла перверзен.

,,Многу ми е жал за моето предавство и изгубената доверба. Сите очекувавте повеќе од мене, а јас ве изневерив. Знам дека ниедни зборови не можат да го порават она што го направив” , изјави низ солзи наставничката.

Таа имала сексуални односи со ученикот од февруари до мај 2016. Тој, сега на 20 годишна возраст, не бил присутен во судницата, но напишал писмо .

Во времето кога бил во врска со наставничката минувал низ тежок период и имал самоубиствени нагони поради разводот на родителите. Тогаш се зближил со наставничката Спероу, која во тоа време работела како советничка во училиштето, па наместо да му помогне, почнала врска со него.

Таа била свесна што прави, зашто повеќе пати му кажувала на момчето дека ќе оди во затвор ако се дознае за нивната врска.