Home Вебкафе Снајди се, па живеј: Навивачи на Келн со дресови и членски од Арсенал пробувале да влезат на „Емирати“ (видео)

Снајди се, па живеј: Навивачи на Келн со дресови и членски од Арсенал пробувале да влезат на „Емирати“ (видео)

Тимот на Келн за прв пат после 25 години настапува во едно европско натпреварување, а тоа беше причина за нивните навивачи во огромен број да отпатуваат на првиот гостински натпревар од групната фаза во Лигата на Европа во Лондон каде што вечерва играат против Арсенал.

За гостите биле обезбедени 2.900 билети, но во Лондон пристигнале повеќе од 20 илјади Германци со огромна желба да го проследат натпреварот.

Според пишувањата на британските медиуми, навивачите на Келн почнале да купуваат билети наменети за домаќините, а откако ги спречиле во тоа започнале да се регистрираат и за членски карти од Арсенал.

Поради тој хаос натпреварот беше одложен за цел час, откако од Арсенал најавија дека нема да ги пуштаат гостинските навивачи да се мешаат со фановите на Арсенал, што било и причина германците да започнат да купуваат и дресови од Арсенал, само за да влезат на стадионот.

Натпреварот започна еден час подоцна од планираното, а трибините на „Емирати“ беа преполнети со фанови на Келн, дури и во делот каде што требаше да седат фановите на Арсенал, кои неуморно пееја и го бодреа својот тим, кој пак на полувремето водеше со 0-1, но сепак на крајот загуби со 3-1.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…