Словенците го запреа воведувањето на 5G технологија – дополнително ќе испитуваат ефекти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенската влада го стопираше воведувањето на 5G технологија, откако доби предлог за таков потег од страна на Министерот за администрација, Руди Медвед. Тие нема да ја воведат новата 5G технологија сè додека не се испитаат нејзините ефекти врз луѓето и животната средина.

Министерот објасни дека сомнежите за штетноста на технологијата 5G се оправдани.

Одложувањето на дебатата е нов чекор во зачувувањето на здравјето и природата во Словенија, која исто така е прва земја во светот што има уставно заштитена вода, како човеково право и јавно добро, со што се осигурува дека нејзините извори на вода за пиење, како иден најважен стратешки ресурс, остануваат национално добро

И Швајцарија неодамна го одложи воведувањето на 5G технологија по бројните протести во текот на изминатата година.