Home Вебкафе Словенија и Хрватска на удар од жестоко невреме (видео)

Словенија и Хрватска на удар од жестоко невреме (видео)

Силниот ветер и дожд предизвикаа големи проблеми во Словенија и Хрватска. Невремето прво го погоди јужниот дел на Словенија, а потоа и останатите делови од земјата, по што се премести во Хрватска. Ветрот, на одделни места, корнеше дрвја, поради што без затворени одредени патишта.

Во Крањ ветрот го откорна покривот на една куќа, кој потоа падна врз паркиран автомобил. Во Марибор силниот ветер ги кршеше дрвјата и предизвика помала материјална штета.

Државните служби очекуваат во текот на денот да бидат отстранети сите дефекти.

„Јутарњи лист“ го пренесува предупредувањето на хрватскиот метеоролошки завод дека поради невремето се можни и поплави.

Невремето прво стаса во Загорје и Истра, а потоа се прошири на Кварнер. Посебно драматично било во Новиград, каде облаците целосно го помрачиле небото.

Фотографиите објавени на Истрамет, посебно онаа на Леонард Бериша „зборуваат“ степенот на невремето и како изгледа кога облаците ќе го претворат денот во ноќ.

Во Пореч летале реклами, столици, олуци, маси, тенди и чадори од плажите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…