Home Нобел Култура Слика од Гоген продадена за 300 милиони долари – најскапо продадена слика во историјата

Слика од Гоген продадена за 300 милиони долари – најскапо продадена слика во историјата

Сликата од славниот француски сликар Пол Гоген со мотив на две девојчиња од Тахити, е продадено за 300 милиони американски долари со што стана најскапо продаденото уметничко дело кога и да е.

Платното Гоген го насликал во 1892 година и досега беше во сопственост на швајцарскиот колекционер Рудолф Стаешелин, и со години беше изложено во „Кунстмузеум“ во Базел, каде беше на позајмица од сопственикот.

Nafea Faa Ipoipo (¿Cuándo te casas)

Според непотврдените информации на BBC, сликата наречена „Nafea Faa Ipoipo (When Will You Marry?)“, е продадена на музеј во Катар.

Претходно најголемата цена од 250 милиони долари беше платена, исто така, од купувач од Катар кој пред три години оваа сума ја издвои за делото на Пол СезанКартаџии“.

Load More Related Articles
Load More In Култура

Напишете коментар

Check Also

Норвешкиот писател Јон Фосе е добитник на Нобеловата награда за литература за 2023 година

Норвешкиот писател Јон Олаф Фосе ја доби Нобеловата награда за литература за 2023 година. …