Славниот комичар Бил Козби оди во затвор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот холивудски актер и комичар, 81-годишниот Бил Козби, кој во периодот на 80-те години од минатиот век се прослави со „Козби шоу“ е осуден на три до десет години затвор за сексуален напад.

Пресудата доаѓа пет месеци откако беше прогласен за виновен за дрогирање и сексуален напад врз Андреа Констанд во 2004 година.

Комичарот порано годинава беше прогласен за виновен по три обвиненија за сторени кривични дела за напад, користење на дрога и сексуално малтретирање на Андреа Констанд кои биле извршени во неговиот дом во Пенсилванија во 2004-та година. Таа е само една од 60-те други жени со слични наводи против Козби.