Славната српска актерка Карановиќ одбива да глуми со Бранислав Лечиќ после обвинувањата дека ја силувал Даниела Штајнфелд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатата српска актерка, Мирјана Карановиќ, го известила Југословенскиот драмски театар дека не сака повеќе да игра во претставата Маме му е … кој прв почна“ со Бранислав Лечиќ поради скандалот кој изби, а во кој познатиот актер е обвинет за силување, пренесува „Танјуг“.

„Почитувани, ве известувам дека одбивам да играм со Бранислав Лечиќ во претставата ’Маме му е … кој прв почна‘, во знак на протест поради неговото однесување кон колешката Даниела Штајнфелд. Ова се однесува и на сите евентуални идни претстави со истиот актер. Подготвена сум да играм во претставата доколу одлучите да го замените со друг актер“, пишува во известувањето на Мирјана Карановиќ, која исто така го објави и на Инстаграм.

Претставата „Маме му е … кој прв почна“ е на македонскиот драмски писател Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски. Претставата во Белград почна да се емитува пред пандемијата и како што пишува на официјалната веб-страница на Југословенскиот драмски театар, а соработката на Дуковски и Унковски претставува продолжение на онаа што ја имаа во култната претстава „Буре барут“.

Покрај Лечиќ и Карановиќ, во претставата играат и Мики Манојловиќ, Јасна Чуричиќ, Јована Беловиќ, Пеџа Марјановиќ, Ана Рудакијевиќ, Милош Лазиќ, Милош Личиќ и Нина Перишиќ.

Актерот Лекиќ се најде во фокусот на скандал со силување, откако во јавноста проговори Даниела Штајнфелд која дојде од Њујорк, каде живее со години, дојде во Белград за да даде изјава пред обвинителството.

Меѓутоа, таа проговори и јавно за српски „Инсајдер“.

„Ме силуваше мојот колега и драг пријател Бранислав Лечиќ, во мај 2012 година. По четири дена игравме во претстава. Бев во шок. Сакав веднаш да повикам полиција, но размислував што ќе се случи. Мора да ја разберете таа ситуација“, рече актерката во интервјуто.

Актерката раскажа и зошто се решила да пријави.

„Кога случајот со жртвите на Мики Алексиќ се појави во јавноста, Бранислав Лечиќ одлучи да биде голем активист против сексуални злосторства. Во моментот кога ги покани поранешните ученици од училиштето на Алексиќ да влезат во неговото училиште за глума, се прели чашата. Разбрав дека повеќе не е прашање што ќе ми се случи во моментот кога зборувам, ова е прашање на мојата општествена одговорност“, вели Штајнфелд која доставила и снимен разговор со Лечиќ како доказ.

Лечиќ, пак, за дел од медиумите изјавил дека не може да коментира толку чувствителна тема сè додека не добие покана од Обвинителството, односно додека не добие „црно на бело“ дека е обвинет за нешто такво.