Скоро 6 месеци јаде само живо месо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ликот кој стои зад Инстаграм профилот @rawmeatexperiment почнал да користи месојадна диета кон крајот на минатата година и на шега рекол дека нема да се откаже додека „не умре од бактерии“.

Јаде неварено пилешко, риба и шницли, а пие само жолчки од јајце, животинско млеко и вода. За време на необичниот процес, тој собрал повеќе од 144.000 следбеници на Инстаграм.

„Исхраната на месојадите е нешто што внимателно го следам и ме интересира. Од неа може многу да се научи. Месото е единствената храна на која никој не реагира лошо. Животинското месо е единствената група на храна која ги содржи сите хранливи материи потребни за човечкото тело“, напишал тој и додал дека од книгите што ги читал научил многу за историјата на почвата, земјоделството и исхраната.

Во коментарите, многумина се сомневаа во неговиот начин на размислување и му даваат предлози за да биде поздрав.

„Пиј повеќе вода“, „Дали си луд“, „Јадењето сирово месо стана тренд без причина, луѓето се само желни за внимание“, напишале тие.

Според Healthline, јадењето сурово месо може да доведе до труење со храна.

„Симптомите вклучуваат гадење, повраќање, дијареа, стомачни грчеви, треска и главоболка. Овие симптоми обично се јавуваат во рок од 24 часа и може да траат до седум дена, дури и подолго во одредени случаи, што зависи од патогенот“, објаснуваат тие.