Home Актуелно Скопјанец до смрт ја претепал жената со која живеел заедно

Скопјанец до смрт ја претепал жената со која живеел заедно

Скопското обвинителство нареди отворање истражна постапка против 27-годишно лице, осомничено за убиство.

Како што информираат од Обвинителството, осомничениот на 10 мај, во раните утрински часови, во куќа на улицата Перо Наков, при вршење семејно насилство, со умисла лишил од живот жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи.

„Тој со повеќе удари со раце и нозе во пределот на главата и по целото тело ѝ нанел повеќе телесни повреди – хематоми од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт“, велат од Обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, основан страв дека осомничениот би можел да ги скрие трагите на кривичното дело или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и особени околности кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…