Home Спорт Скандал во Милан: Поранешните директори ги „шпиунирале“ вработените и новинарите!?

Скандал во Милан: Поранешните директори ги „шпиунирале“ вработените и новинарите!?

Италијанскиот гигант Милан поминува низ многу турбулентен период и во изминатите години два пати ги сменуваше сопствениците.

Тоа се одрази и на спортските резултати, но сега цела Италија зборува за нов скандал кој ги тресе „росонерите“.

Поранешниот директор на Милан, Марко Фасоне во текот на својот мандат ангажирал приватна детективска агенција со цел да шпиунира четворица новинари кои секогаш имале ексклузивни информации од клубот, тврди „Ла Република“.

Агенцијата ја потврди оваа информација, а се излезе на виделина кога новите сопственици на клубот затекна фактури и неколку сметки кои мораат да бидат подмирени.

Фасоне сакал да го откри „кртот“ во клубот, па покрај новинарите во период од 19 февруари до втори март шпионирал и вработени во тимот, но на крајот не пронашле никого.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…