Спорт

Скандал поради СП 2006 го тресе германскиот фудбал: Помеѓу обвинетите и Бекенбауер!

Обвинителството во Швајцарија отвори обвинение против тројца членови на организацискиот комитет на СП во 2006 година во Германија, како и против еден Германец кој имал висока функција во ФИФА. Покрај тоа во скандалот е вмешан и Франц Бекенбауер, пишува Спортски.мк.

Тоа добивање на домаќиноството на Мундијалот беше спорно и многумина се спомневаа дека се работи за наместен избор. Тогаш во последен момент се отстапи од идејата СП да оди во Јужна Африка, идеја која се реализира четири години подоцна.

Германците одлично го организраа Мундијалот, меѓутоа сега на површина излегува голем скандал. Помеѓу обвинетите се поранешниот прв човек на германскиот фудбал Тео Цванцингер, неговиот соработк Хорст Шмит, генералниот секретар и член на ФИФА Урс Линс, а наследникот на Цванцигер Волфганг Нирсбах заработи обвинение за измама.

Најголемото име кое е споменува во овој скандал е легендарниот Бекенбауер тој е означен како главна фигура за обезбедувањето на домаќинството за најголемиот спортски настан во 2006 година. Бекенбауер во тоа време беше претседател на организацискиот одбор на СП и сега е отворена постапка против него, но таа поради неговата здравствена состојба ќе се води одвоено од споменатата четворка.

Извор: Спортски

Advertisements
To Top