Жешко

Нема срам од децата и деверот – Хајди Клум топлес на медениот месец

Славната германска убавица и манекенка е веќе докажан бескомпромисен слободарски дух кој нема проблем со општествените стереотипи кога станува збор за покажување отфазла гола кожа во јавност.

46-годишната Клум периодов е на меден месец со 17 години помладиот сопруг Том Каулиц, во друштво на нејзините деца и деверот (братот близнак на Том), Бил Каулиц.

Хајди и Том во тајност се венчаа во февруари , а минатиот викенд имаа и втора свадбена веселба , што ја организираа на луксузна јахта во Италија.

Познатата манекенка и музичарот , кој е познат како гитарист на бендот Tokio Hotel, решија во Италија да го поминат и медениот месец.

Тие се снимени како уживаат на плажа во Капри, а освен четирите деца на Хајди , на медениот мeсец беше и братот близнак на Том, Бил Kаулиц , кој е пејач во бендот.

Хајди на плажата , иако имаше папараци , се соблече топлес пред сите туристи , како и пред децата и деверот.

Advertisements
To Top