Home Актуелно СЈО со барање јавна седница за притворот на Грујовски

СЈО со барање јавна седница за притворот на Грујовски

Специјалното јавно обвинителство ќе бара на јавна седница Апелациониот суд во Скопје да ја разгледува жалбата за поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујовски, обвинет во случаите Тврдина  и Таргет, кои СЈО ги спои во едно обвинение. Неофицијално, седницата која СЈО ја бара се однесува на жалбата на одлуката со која Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 место притвор, на Грујовски му определи мерки на претпазливост.

Специјалното јавно обвинителство до сега поднесе вкупно 30 жалби на одлуките на Кривичниот совет. Жалбите на СЈО се уште се во Основниот суд Скопје 1, бидејќи тече рокот од три дена за спротивставената страна, во овој случај одбраната, да одговори на жалбите, па откако тие ќе се комлетираат, ќе бидат испратени во повисокиот суд на разгледување и одлучување.

Од Основниот суд Скопје 1 велат дека жалбите се уште се комплетираат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…