СИТЕ МАЖИ (НЕ) СЕ ИСТИ: Ова се речениците кои значат УБИСТВО за вашата врска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во жештина на расправијата кажуваме многу од тоа што не го мислиме, но и она што во нас расте некое време.

Некои коментари изговорени во афект брзо ќе бидат заборавени, но некои можат да нанесат штета која ниту извинувањето не може да ја поправи. Затоа е важно дури и во најголем налет на вес да ја сочувате прибраноста и внимателно да ги избирате зборовите. Ова се зборови кои би требало да ги избегнувате:

Не ти верувам

Овој исказ во суштина го изгвараат жени кои се сомнително, а можат силно да здоболат, особено да здоболат маж кој е потполно искрен. Многу жени знаат како е да се биде параноичен и да се замара за сомнеж за кој на крајот се испоставува дека е производ на фантазија. Да отфрлите од вас поради тоа добар маж, потполно е бесмислено.

Сите мажи се исти

Да разјасниме еднаш засекогаш: Не се сите мажи исти. Само затоа што некој ви го скршил срцето не значи дека негде не постои маж кој тоа никогаш не би ви го направил. Доколку му го кажете тоа на партнерот во расправија, би можел да престане да ве почитува и би можеле да останете сами поради реченица во која веројатно ниту самите не верувате, туку е кажана во афект.

Не си добар во креветот

Било тоа да е вистина или не, да му кажете така деликатна работа на така груб начин може неповратно да го уништи вашиот однос. На маж на кој ќе му го скршите егото тешко ќе закрепне. Ако не сте задоволни обидете се тоа да го решите со разговор и договор.

Мојот бивши никогаш тоа не би го направил

Споредувањето на сегашното момче со бившиот води кон прекин. Пред да ја кажете оваа злобна примедба, сетете сте дека со бившиот прекинавте поради добра причина, па не може да биде толку совршен каков што се обидувате да го прикажете. Прифатете го новото момче онаков каков што е, а не каков би можел да биде.

Твојата мајка во се мора да се меша

Не е само мит дека мајките сакаат да се мешаат во животот на својот син и неговата избраничка. Во некои случаи, тоа за среќа на време се менува, но некои жени не се така среќни. Многу мажи силно се врзани за својата мајка, па ако му кажете дека неговата мајка е давеж, постои опасност тие зборови да му се врежат во меморијата и никогаш да не ви простат. Затоа бидете, супетилни и внимателни со зборовите.