Home Актуелно Системот преку кој се врши пописот на населението рестартиран за да не прави проблеми како вчера

Системот преку кој се врши пописот на населението рестартиран за да не прави проблеми како вчера

Системот се рестартира за да се отстранат какви било проблеми со процесот на попишување во иднина, кажа директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски, кој заедно со заменик-директорот Иљми Селами денеска ја посети регионалната пописна комисија за Куманово и Старо Нагоричане.

– Се прават апдејт и рестартирање на целокупниот процес за да се избегнат какви било падови, што може да се сторат со она прекинување на работата на вчерашниот ден. Најдено е решението за техничкиот проблем што ни се случи вчера и ова се прави за да го нема тој проблем. Системот беше прекинат, заради тоа што се рестартира. Секогаш кога работите со технологија, можни се вакви случаи и тие беа предвидени однапред. Затоа има екипа од провајдерот на апликативното решение, како и од провајдерот на интернет-конекцијата, кои се спремни да интервенираат, и еве се отстрануваат работите – објасни Симовски.

Директорот на ДЗС информираше и дека досега не е изречена ниту една казна поврзана со пописот. Попишувачите ќе добијат адреси на лицата кои се во изолација и со нив ќе се договорат кога ќе може да се спроведе пописот, според протоколите, или ќе се почекаат тие да излезат од изолација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…