Сиромашните земји поактивни од богатите: Физичката (не) активност клучна во животниот век?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повеќе од 1,4 милијарди луѓе ширум светот имаат зголемен ризик од заболување поради недоволна физичка активност, се наведува во новиот извештај на Светската здравствена организација.

Како што се наведува, веќе 15 години нема подобрување на нивото на физичка активност кај момците и жените, пренесува Дојче веле. Во 2016. година, повеќе од четвртина возрасни луѓе ширум светот не вежбале доволно, пишува во студијата објавена во еден магазин.

Препорачаното траење на умерената физичка активност е 150 минути неделно. Во текот на 2016. година, околку 32% од жените и 23% од мажите не ја достигнале таа цел.

Со тоа, четвртина од светската популација возрасни дошле до опасност од дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести, деменција и рак.

Во истражувањето учествувале 1,9 милиони луѓе од 169 земји. Луѓето одговарале на прашања за активностите на работното место, дома, за време на паузата и во сообраќајот.

Истражувањето е спроведено во периодот од 2001. до 2016. година и покажува дека неактивноста е двојно поголема во богатите отколку во сиромашните земји.