Home Спорт Синиша Михајловиќ поради сериозна болест ја завршува кариерата

Синиша Михајловиќ поради сериозна болест ја завршува кариерата

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ одлучил да ја прекина професионалната тренерска кариера за да се соочи со сериозна болест, тврди „Кориере дело Спорт“.

Српскиот тренер неодамна направил детални леркарски прегледи и докторите го предупредиле дека лекувањето треба да го продолжи со посилен третман.

„Кориере дело Спорт“ не откри детали за болеста на Михајловиќ, но се пренесува дека поранешниот селектор на Србија ќе се огласи со соопштение или ќе одржи конференција во текот на денешниот ден и ќе ја објасни ситуацијата.

Михајловиќ кон крајот на есента седна на клупата на Болоња на местото на Пипо Инзаги и од тим кој беше помеѓу најсериозните кандидати за испаѓање успеа да ја однесе Болоња до 10-тата позиција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…