Синдикалците од Југохром оптимисти по средбата со Заев


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Југохромци оптимисти по првата средба со новиот премиер Зоран Заев. Претставниците на синдикатот добиле уверување дека Владата има план и програма за решавање на нивниот проблем. Владините претставници најавиле дека и сопственикот и раководството ќе повикани на разговор и ќе се преговара дали да се прифатат нивните гаранции, а со тоа да се вклучат печките на тетовската фабрика.

Се надевам дека со оваа влада и министри ќе најдеме решение. денеска се видовме и ги сослушаа нашите барања и ќе инсистираат да се видат со инвеститорот кој ќе даде гаранции за градење на филтри. Оваа влада се грижи за екологијатам изјави Бајрам Амити од синдикатот на Југохром

Синдикатот бара да се активира фабриката што е можно побрзо бидејќи околу 600 работници останаа на улица, откако на почетокот на годината, менаџментот соопшти дека повеќе не може да ги сервисира платите, во услови кога фабриката не работи. Менаџментот вети дека доколку властите дозволат вклучување на печките, сите отпуштени работници ќе бидат вратени на работа. Тетовски Југохром престана да работи во ноември минатата година, а претходната власт не ги прифати понудените гаранции и немаше слух за барањата на работниците.