Симулација: Вака реално би изгледало ако џиновски астероид удри во океан на Земјата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Научниците изработија компјутерска симулација од евентуалниот спектакуларен удар од некој џиновски астероид во некој од океаните на нашата планета, базирана на конкретни научни истражувања.

Видеото го објави America’s National Center For Atmospheric Research (Американскиот Национален Центар за Атмосферски Истражувања).

Симулацијата наречена „Deep Water Impact Ensemble Data Set“ е направена врз основа на податоците собрани од страна на научниците во Los Alamos National Laboratory, Гален Р. Гислер и Џон М. Пачети. Истата покажува каков би бил ефектот од ударот во вода на астероиди со различна големина под различен агол.

Инаку, без гајле, мали се шансите астероид во догледно време навистина да ја погоди Земјата. Се проценува дека астероид со големина од околу 1,5 километри удира во Земјата еднаш на еден милион години. Според проценките од научниците, еден астероид со големина од 1,1 километри, кој „скита“ низ вселената, би можел да удри на Земјата за 860 години, но шансите за тоа се само 0,3 проценти.