Симона со фотосесија им ги честита новогодишните и божиќните празници на обожавателите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Почетокот на Новата Година во духот на празниците, Симона одлучи да го одбележи со нова фотосесија, честитајќи им ја на сите Новата Година и Божиќните празници, со надеж дека заедно можеме да создадеме подобро утре, подобра иднина, подобар свет.

„Позади мене оставив една доста успешна година за мене, како на приватен така и на професионален план, која ќе ја паметам засекогаш. Возбудена сум што се појавувам во многу нови кампањи и нови соработки како во модата и козметиката. И музиката и модата се начини за изразување на себеси креативно, а и двете се многу лични работи“, вели Симона.

На музички план најавува дека со нејзиниот соработник Ерик подготвуваат сингл во малку поразличен и модерен стил.

Фотосесијата е дело на Андреј Георгиевски. Фустаните се на Златко ЈЗЈ, шминка Бобан Тодоровски, а накит Русевска Анита.