Home Спорт Симеоне: Точно е, еден ден ќе го предводам Интер!

Симеоне: Точно е, еден ден ќе го предводам Интер!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го потврди кажаното од својот син, Џовани дека еден ден тој ќе застане на кормилото на Интер.

Џовани Симеоне ја разбранува спортската јавност откако за шпанските медуми откри дека неговиот татко порано или подоцна ќе седне на кормилото на „нероаѕурите“.

Симеоне никогаш не ја криел желбата да работи во Италија и ги потврди зборовите на својот син, но истакна дека во моментов се чувствува одлично во Атлетико Мадрид.

„Во моментов мојата иднина е јасна. Нема што многу да коментирам“, истакна Симеоне, а потоа ја коментираше изјавата на неговиот син.

„Зборувам многу со Џовани и со целото мое семејство. Сите знаат дека еден ден ќе застанам на чело на Интер. Јас никогаш не сум го криел тоа“, додаде Аргентинецот.

Симеоне има договор со Атлетико Мадрид до 2018 година, но во истиот има клаузула дека може да го напушти спогодбено „Винсенте Калдерон“ и во 2017 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…