Симеоне пред финалето: Нема да биде лесно, треба да бидеме мудри!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне очекува тежок натпревар против Олимпик Марсеј во утрешното финале на Лига Европа.

Ова за Атлетико ќе биде трето европско финале во последните пет години, па Симеоне предупреди дека ова е дуел во кој нема поправен испит.

„Сите предуслови за одлично финале се присутни. Матсеј има исклучително интелигентен тренер кој има доста опции во составот. Противникот е многу опасен, особено во средниот ред и нападот. Сигурно ќе биде тежок натпревар“, изјави Симеоне.

„Ова е финале, нема поправен испит и затоа треба да бидеме мудри. Свесни сме за нашиот квалитет, за добрите и за лошите страни на нашиот тим, но исто така имаме и голем респект кон противникот. Марсеј е одличен состав, технички добро поткован, кој директно атакува кон голот на противникот. Нема да биде лесно, го знаеме тоа многу добро“, додаде аргентинскиот стратег.