Симеоне објасни зошто Реал е во предност и упати порака до судијата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изјави дека неговиот тим е подготвен за големата пресметка со градскиот ривал во ЛШ, и изрази надеж дека судијата Мартин Аткинсон нема да биде многу приметлив за време на денешниот полуфинален меч.

„Знаеме колку е тешко да си судија на такви натпревари. Комплексноста се условува не само од важноста на средбата и нивото на противниците, но и од атмосферата на стадионот. Се надевам дека судијата на дуелот со Реал ќе биде незабележлив за да уживаме во играта“, изјави Симеоне.

Чоло уште еднаш посочи дека предност во елиминациската фаза има оној тим кој вториот меч го игра на гости, бидејќи при идентичен резултат по 180 минути, има дополнителни 30 минути во кој еден гол им вреди за два.

„Веќе го коментирав ова, но ќе го повторам бидејќи сметам дека не е фер. Го правам ова за да ја разбудам свеста. Тој што игра на гостински терен на вториот меч, има дополнителни 30 минути да постигне гол кој вреди за два. Мора да се бара решение, да се зборува отворено, за да не биде толку нефер ова клучно правило. Ако во дополнителните 30 минути примите гол како домаќин, треба да дадете два, а не еден. Се надевам дека ова ќе се подобри и дека ќе се најде некоја алтернатива. Претходниот пат ние имавме предност, сега е тоа на страната на Реал“, заклучи Симеоне.