Home Спорт Симбол за големина: Зидан се откажал од 24 милиони во полза на Реал

Симбол за големина: Зидан се откажал од 24 милиони во полза на Реал

Зинедин Зидан неодамна изненадувачки реши да го напушти кормилото на Реал Мадрид откако три пати со ред ја освојуваше Лигата на шампиони, а сега медиумите откриваат еден детал кој само ја потврдува големината на Французинот.

Имено, Зидан се откажал од двегодишниот договор со „кралевите“ според кој требаше да заработи 24 милиони евра.

Зизу одлучи да земе одмор од фудбалот и му соопштил на раководството на „кралевите“ дека се откажува од сумата која што клубот треба да му ја плати според договорот.

„Марка“ тврди дека Зидан бил запознат околу случајот „Кристиано Роналдо“ и сметал дека на клубот му требваат промени и „нови лица“, па затоа реши да замине.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…