Реал спрема понуда од 150 милиони за Азар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид подготвува понуда од 150 милиони финти за ѕвездата на Челзи, Еден Азар, прнесува „Дејли Мејл“.

„Кралевите“ се разделија со Кристиано Роналдо и напорно бараат негов заменик, а Белгиецот совршено се вклопува во концептот на тимот и Хулен Лопетеги го сака по секоја цена во своите редови до неколку недели.

Договорот на Азар со Челзи истекува во 2020 година и во неколку наврати одби да ја продолжи соработката со „сините“. 27-годишниот Белгиец во неколку наврати истакна дека сака еден ден да заигра за Реал Мадрид.

Во последните денови се појавија информации дека и Барселона е силно заинтересирана за Азар, па поради тоа „кралевите“ брзаат што поскоро да испратат понуда.

Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на Реал Мадрид спремило понуда од 150 милиони фунти, односно 170 милиони евра.

Сега на потег е Челзи, кој сигурно нема лесно да се откаже од својата најголема ѕвезда.