Home Актуелно Силен земјотрес ја погоди Грција, потресот почувствуван и во Македонија

Силен земјотрес ја погоди Грција, потресот почувствуван и во Македонија

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 5,4, утрово 12 минути по 9 часот бил почувствуван на територијата на Грција, објави Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот чиј епицентар, според регионалните медиуми, бил во близина на градовите Трикала и Лариса во централна Грција, бил почувствуван и на територијата на нашата земја и тоа во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Според интернет-страницата на Американскот геолошки институт, земјотресот бил почувствувал и во соседна Албанија.

Засега нема информација за евентуални штети и жртви.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…