Сијамски близнаци во Бразил успешно разделени со користење на виртуелна реалност после 27-часовна операција (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тригодишните бразилски сијамски близнаци Бернардо и Артур Лима беа оперирани во Рио де Жанеиро, по препорака болницата Great Ormond Street во Лондон.

На тригодишните момчиња им биле извршени вкупно седум операции, а само последните две траеле 6 и 27 часа. Во процесот учествуваа 100 здравствени работници. Хирурзите со месеци ги испробуваа техниките користејќи виртуелна реалност пред да ги започнат вистинските процедури.

Медицинскиот персонал, предводен од британскиот педијатриски хирург Нур ул Овас Јелани од лондонската болница Грејт Ормонд Стрит и д-р Габриел Муфареја од Instituto Estadual Cerebro Paulo Niemeier, успеале да ги разделат споените близнаци.

Јелани ја опиша операцијата како извонредно достигнување и посочи дека помогнале и донациите за организацијата „Gemini Untwined“.

„Успешната разделба на Бернард и Артуро е извонредно достигнување на тимот во Рио и фантастичен пример зошто работата на Gemini Untwined е толку вредна. Не само што обезбедивме нова иднина за момчињата и нивните семејства, туку имаме го охрабри локалниот тим со вештини и самодоверба успешно повторно да ја преземе толку сложената работа во иднина“, изјави докторот за британските медиуми.

Бернардо и Артур, на речиси четири години, се најстарите споени близнаци кои биле успешно разделени.