Home Актуелно Си пробал човекот

Си пробал човекот

Турски државјанин вчера бил уапсен на граничниот премин „Деве Баир”, откако на границата покажал „лажни документи” за приколка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 18:20 часот на граничниот премин „Деве Баир”, при извршена проверка на Б.М. (60) од Турција, кој управувал товарно возило „Мерцедес” со турски национални ознаки, било констатирано дека меѓународнaта зеленa картa за товарното возило и зелената карта за полуприколката што ги доставил на увид биле со невистинита содржина, посочуваат од МВР.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица во Крива Паланка за понатамошна постапка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…