Петмина цариници и тројца полицајци уапсени во полициската акција во Диво Насеље


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Десет лица, меѓу кои тројца полициски а петмина се царински службеници, се уапсени во обемната полицска операција изведен во денеска во кумановската приградска населба Диво насеље, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што се навуведува во објавата за медиумите, операцијата е спроведена по повеќемесечни мерки и активности по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога во содејство со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје спроведена е голема акција со претреси на повеќе локации во Куманово и Скопје, при што се лишени од слобода десет лица, и тоа Б.А.(35), М.А.(40), И.А.(45), И.Ф.(47), А.А.(43), сите од Куманово, А.Ж.(53), Т.Т.(54), Д.К.Ш.(43), Џ.Ш.(36), од Скопје и Љ.Љ.(36) од Тетово, меѓу кои тројца полициски службеници и петмина царински службеници.

Деветмината се сомничат дека извршиле кривично дело „криумчарење“ од член 278, а тројца од нив дека сториле и кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик, додека при претрес кај А.А. бил пронајден и одземен кокаин.

Имено, во текот на ноември 2021 година четворица од нив, меѓу кои дваја полициски службеника, во два наврата учествувале во неовластено пренесување поради продажба на прекурсори, од царинската испостава на Меѓународен аеродром Скопје до зелениот појас во близина на државната граница меѓу Македонија и Косово. Притоа, осомничените царински службеници постапиле спротивно на нивните службени надлежности и не извршиле соодветна контрола на стоката согласно декларираната.

Лицата во текот на денот ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, а во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.