Home Шоубизнис Шварценегер и Линда Хамилтон се враќаат во новиот Terminator: Dark Fate

Шварценегер и Линда Хамилтон се враќаат во новиот Terminator: Dark Fate

Поминаа 35 години од премиерното прикажување на првиот „Terminator“, а во новото продолжение од оваа франшиза повторно ќе ги гледаме легендите од „кецот“.

Линда Хамилтон (Сара Конор) и Арнолд Шварценегер (Т-800) се враќаат во своите изворни улоги во новото продолжение наречено „Terminator: Dark Fate“. Режијата ја потпишува Тим Милер, а продуценти се визионерите Џејмс Камерон и Дејвид Елисон.

Тим се надева дека серијалот за Терминаторот се враќа на неговите корени, а ќе има и современ сензибилитет базиран на колективната анксиозност околу вештачката интелигенција.

„Сега тоа исплива на површина…Првите два филма за терминаторот кои ги направив ги третираа судирите со машините од иднината и прифаќањето на истите во фантастичен контекст. Затоа сум многу возбуден бидејќи ќе претставиме идеја за приказна која има смисла во сегашноста“, изјави Камерон.

„Првите филмови се порелевантни денес отколку во времето кога ги направи (Камерон). Многу од тоа се чинеше како прогноза, бидејќи стана реалност на светот во кој живееме“, додава Милер.

Во останатите улоги играат Мекензи Дејвис, Наталија Рејес, Габриел Луна и Дего Бонета.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …