Home Живот Што смеете, а што не е препорачливо во сексот за време на бременоста

Што смеете, а што не е препорачливо во сексот за време на бременоста

Проблемите со возбудувањето, оргазмот и задоволството по 36-тата недела од бременоста ги искусиле 92 отсто бремени жени. Истражувањето објавено во „Alexandria Journal of Medicine” ги предупредува бремените што смеат, а што не смеат да прават додека чекаат бебе.

Сексот како приоритет

Благодарение на хормонот окситоцин кој кај жените се лачи при оргазмот, сексот е добар за намалување на стресот и анксиозноста.

„Сексот ќе ја зајакне врската со партнерот пред раѓањето на детето, што е многу важно бидејќи многу истражувања покажале дека во првите години од животот на детето родителите се под голем стрес, што се одразува и на сексуалниот живот” – објаснува психологот др. Ерика Марчанд.

Најдобра положба

Во првите три месеци додека стомакот е помал, сите положби се дозволени. По 16-тата недела се зголемува матката, па мисионерската положба повеќе не е добра идеја.

„Сексот на грб може да ја стисне долната шуплива вена и да го спречи враќањето на крвта во срцето. Бремената жена тогаш може да чувствува вртоглавица” – објаснува др. Алиса Двек, гинеколог во болницата „Mt. Kisco” во Њујорк.

Избор на добар лубрикант

Некои двојки користат лубрикант. Бирајте го тој кој е на база на вода и избегнувајте лубриканти на база на петролеј или минерални масла кои можат да ја променат pH на вагината.

Load More Related Articles
Load More In Живот
Comments are closed.

Check Also

Колку добро ги познавате мажите: факти кои може да ве изненадат

Кој е вашиот одговор на ова прашање „колку добро ги познавате мажите“? Во оваа статија ќе …