Што се случува навечер во „европската Содома и Гомора“ (фото)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После репортажата која ја објави британскиот The Sun, во која Хвар беше практично наречен „европската Содома и Гомора“, многумина се запрашаа како тој остров изгледа навечер кога околу него се крева таква медиумска прашина.

Дополнително, на целата драма која се создаде околу прекрасниот остров, масло долеаја и плочките со казни за посетителите кои, според мислењето на челните лица, се однесувале недолично.

Иако во ноќните клубови веројатно не можат да се видат поразлични сцени од оние кои беа причина за овој остров да се изедначи со библискиот концепт за градовите на развратот и блудот, сцените и глетките од улиците на Хвар во вечерните часови се прилично питоми. Туристите уживаат во вечерните прошетки на островот, пијалоците во локалните ресторани и кафулиња и дружење со саканите личности.

The Sun, инаку, прилично категорично го опиша Хвар како развратно место со својот експлицитен наслов „Повеќе дрога, повеќе алкохол, повеќе секс“.

На Хвар секоја година на летување одат околу половина милион Британци, а повеќето од нив се млади луѓе желни за забава кои високите цени ги натерале да бараат алтернативни летувалишта како замена за прескапите Ибица и Магалуф. Како што тврди The Sun, од Лондон до Хвар има шест часа возење со комбиниран сообраќај од авион, автобус и траект, но поради лудите забави таму, потрошеното време во пат целосно се исплаќа.