ШТО ЌЕ ИЗБЕРЕ ПЕРЕЗ? Ова се кандидатите за клупата на Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан денес го шокираше фудбалскиот свет објавувајќи дека го напушта Реал Мадрид, па медиумите во Шпанија веднаш почнаа да се лицитираат со имиња на потенцијалните негови заменици.

Шпанските и англиските медиуми едногласно тврдат дека тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино е прв кандидат за наследник на Зидан. Се појави информација дека Маурисио Покетино во својот договор има клазула која му дозволува да го напушти Тотенхем доколку Реал Мадрид го побара.

Се споменува и Јоаким Лев кој и претходно на големо се поврузваше со „кралевите“, но на Реал му е потребен тренер што побрзо за да се започне со припремите, додека Лев го очекува Мундијалот со Германија.

Меѓу кандидатите наводно е и Гути, поранешниот капитен и човек кој има ДНК на Реал Мадрид. Веднаш се споменува и Арсен Венгер кој е без клуб и кој во минатото два пати го одбиваше Реал Мадрид, но Французинот е нереална опција во моментов.

Италијанските медиуми ја проширија листата со двајца италијански тренери, а тоа се Антонио Конте и Масимилиано Алегри.

Не очекуваат „жешки“ денови кога е клупата на Реал Мадрид во прашање…