Што е поштетно – седење пред телевизор или пред компјутер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мажите кои седат пред телевизор по четири часа дневно, значајно го зголемуваат својот ризик од развој на рак на цревата, заклучиле истражувачите од Универзитетот Оксфорд.

Тие следеле 500.000 Британци за време на шест години и пронашле голема поврзаност меѓу седечкиот начин на живот и ракот на цревата.

Но посебен ризик е откриен меѓу мажите и тоа особено кај оние кои многу гледаат телевизија. Интересно, но кај жените тој ризик бил само 11 проценти. Она што ги зачудило истражувачите е сознанието дека тоа нема никаква врска со седењето пред компјутер.

Многу поопасно е седењето на кауч или во фотеља додека гледаш филм, отколку да работиш или да играш на компјутерот. Истражувачите тргнале од претпоставката дека мажите се повеќе склони кон пушење, пиење и јадење брза храна пред телевизор отколку жените, а сите тие работи го зголемуваат ризикот од рак на цревата. Седењето исто така е поврзано со дебелењето и со високиот процент на телесни масти, што пак може да влијае на нивото на хормони во крвта.