Видео

Шокантно видео: Во улична тепачка убиен Драјхов, светскиот првак во кревање тегови

Андреј Драхјов, светскиот шампион во кревање товар, беше убиен во улична тепачка. Драјхов почина како последица од повредите здобиени во тепачка во која учествуваше, а која се случи во рускиот град Хабаровск.

Него вчера наутро пред еден кафе-бар го претепа ММА борецот Анар Алакверанов.

Како што пренесуваат руските медиуми, до пресметката дошло кога двајцата учесници во алкохолизирана состојба се расправале кој спорт е посилен, дигање тегови или ММА, па одлучиле со тепачка да ја решат дилемата.

Драхјов бил совладан и паднал на земја, а потоа додека лежел добил смртоносни удари. Алакверанов подоцна бил уапсен од руската полиција.

Advertisements
To Top