Home Спорт Шок за Барса: Еве колку ќе отсуствува Дембеле!

Шок за Барса: Еве колку ќе отсуствува Дембеле!

Барселона успеа да победи на гостувањето кај Гетафе, но остана без најскапата аквизивија, Осман Дембеле.

Младиот Французин мораше да го напушти теренот поради повреда уште во 27-та минута, а денес стана јасно колку време ќе отсуствува од терените.

Денес откако беа направени детални испитувања, познато е дека Дембеле 3 до 4 недели ќе биде надвор од терените.

Дотогаш ќе ги пропушти дуелите со Еибас, Гирона и Лас Палмас во Ла Лига и Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите, а би требало да биде спремен за големото дерби против Атлетико Мадрид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…