Home Вебкафе Шок во Русија: Млада пливачка убиена од нејзиното момче со 30 убоди со нож

Шок во Русија: Млада пливачка убиена од нејзиното момче со 30 убоди со нож

16-годишната руска пливачка Сафија Аскарова беше грозоморно убиена со триесет убоди од нож откако се обидела на нејзиното момче Никита Маљгин, исто пливач, да му објасни дека сака да ја прекине нивната љубовна врска.

Маљгин брутално ја убил младата Аскарова со 30 убоди со нож и тоа во вратот, градите и стомакот. Нивните пријатели велат за руските медиуми дека пливачот бил љубоморен на Сафија , мислејќи дека таа има врска со неговиот спортски конкурент.

Истражниот одбор на Руската федерација на Твитер објави видео во кое Маљгин признава дека ја убил девојката. на снимката се слуша како тој раскажува дека на неговото барање да ја продолжат врската таа му одговорила „Оди по ѓаволите”.

Не се сеќава колку пати ја прободел, туку само знае дека во еден момент паднала и потоа го фрлил ножот во близина.

Аскарова освоила второ место во пеперутка стил на минатогодишното државно првенстов на млади пливачи. Дента кога Маљгин ја убил , на родителите им рекла дека оди во продавница , но наместо тоа се сретнала со убиецот.

Нејзиното тело било најдено на 23 деккември во 22 часот на напуштено градилиште, а недалеку од телото бил најден и ножот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…